Грчката полиција соопшти дека уапсила маж осомничен дека неколку години го чувал телото на својот татко во замрзнувач во подрумот на напуштен хотел за да продолжи да ја прима неговата пензија. Нема индикации дека 90-годишниот учител починал од нешто друго освен од природна смрт.
Неговиот 55-годишен син се соочува со обвиненија за измама и давање лажна изјава.
Државната телевизија „ЕРТ“ соопшти дека полицијата интервенирала откако загрижените соседи од селото Мистрас ги известиле властите дека не го виделе човекот неколку години. Осомничениот им кажал на полицајците дека неговиот татко починал од природна смрт пред околу две и пол години и дека го ставил телото во замрзнувач во хотелот што му припаѓал на неговото семејство.
Локалните жители рекоа дека не го виделе пензионерот најмалку четири години.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата