Егзон Битиќи (26) е осомничен за убиство на својата бремена сопруга Јетлира Фониќи (25), во селото Кравосерија во близина на Малишево во Косово!
Невиден злостор го потресе селото Кравосерија во општина Малишево во Косово, каде што се сомнева дека Егзон Битиќи (26) ја убил својата сопруга Јетлира Фониќи (25), која била бремена во девет месец, во семејната куќа, а потоа се застрелал и себеси.
Трагедијата се случила во спалната соба на двојката доцна навечер, а полицијата го примила повикот на 23 август околу 23:20 часот.
И покрај борбата на лекарите да го спасат младиот живот и бебето, несреќната девојка подлегнало на тешките повреди. Осомничениот Битиќи е сè уште во тешка состојба и лекарите се борат за неговиот живот.
Како што објавија медиумите на албански јазик, полиција на Косово потврди дека две тешко ранети лица биле пронајдени во спалната соба на семејна куќа во ова село, а жената подоцна починала од тешката рана, и покрај напорите на лекарите да ја спасат. Мажот, за кој подоцна беше утврдено дека е сопруг на жртвата, е во сериозна состојба, сериозно ранет.
Членовите на семејството на починатата биле информирани за трагичната смрт на Јетлира.

Портпаролката на полицијата за регионот Ѓаковица, Влера Красниќи, изјави за KosovaPress дека случајот е пријавен на 23 август 2026 година околу 23:20 часот.
Според неа, полициските единици веднаш излегле на местото на настанот, каде што пронашле брачен пар ранет од огнено оружје.
За време на истрагата на местото на настанот, полицијата пронашла и запленила огнено оружје за кое постои сомневање дека е употребено во овој случај.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата