Романија активира НАТО борбени авиони поради навлезен дрон во нивниот воздушен простор

Vecer | 20.08.2026

Романија активира НАТО борбени авиони поради навлезен дрон во нивниот воздушен простор
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Романската војска уништи морски дрон во Црното Море откако беше забележан на неколку стотини метри од гасната платформа Нептун Дип, во ексклузивната економска зона на Романија. Вршителот на должноста романски министер за национална одбрана, Раду Мируца, изјави дека крајбрежната стража утрово го пријавила присуството на дронот, на околу 80 наутички милји источно од Констанца, објави порталот Digi24. Поради близината на критичната гасна инфраструктура и фактот дека на платформата имало неколку стотици луѓе, романските власти одлучиле да го уништат.

🇷🇴 #Romania - 🇷🇺 #Russia: Two separate Russian drone incidents were reported in Romania today. In the first, a sea drone loaded with explosives was destroyed by a Romanian F-16 near the Neptun Deep gas project after two F-16s were scrambled to intercept it. Romanian authorities… pic.twitter.com/LAINqLABm3

— POPULAR FRONT (@PopularFront_) August 20, 2026

По инцидентот, беше формирана командна ќелија на ниво на Министерството за национална одбрана, а романските власти побараа од романската армија да ја преземе командата во рамките на НАТО. По проценка на ситуацијата и консултации со романскиот претседател, беше одлучено да се уништи дронот. Два романски борбени авиони Ф-16 беа подигнати од земјата и добија наредба за пукање. Според Мируца, дронот потоа бил безбедно уништен. Тој изјави дека леталото било наполнето со експлозиви. Романските власти, исто така, го проверуваат потеклото на дронот. Преку неодамна воспоставен директен комуникациски канал, тие контактираа со украинската страна, која, според Мируца, официјално потврди дека дронот не е од украинско потекло.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk