Утрово се случи убиство во населбата Телеп во Нови Сад!
Дознавме дека 21-годишниот А. Б. ѝ го одзел животот на својата мајка, Љ. Б. (49), во нивниот семеен стан на улицата „Алекса Шантиќ“ бр. 66.
На крвавиот инцидент, што се случил во глуво доба на ноќта, му претходела жестока расправија. Околу 3 часот наутро, викотници и врева што доаѓале од семејниот стан ги разбудиле и вознемириле станарите на зградата. Загрижените соседи веднаш повикале полиција, несвесни дека веднаш до нив се одвива најлошото можно сценарио.
„Ја убив мајка ми“: Младич (21) од Нови Сад брутално ја убил мајка си, па ѝ признал на полицијата
Полициска патрола пристигна на адресата во рекордно време. Според неофицијални информации, кога полицајците тропнале на вратата и побарале од младичот да ја отвори, А. Б. мирно отворил и изговорил зборови од кои се леди крвта – веднаш признал дека ја убил својата мајка. Тој бил совладан и приведен на самото место.
Веднаш била испратена и екипа на Итна помош, но лекарите не можеле ништо да сторат; дежурниот лекар можел само да констатира смрт кај несреќната жена.
Полициските службеници и надлежното обвинителство со часови вршеа увид на лице место за да ги разјаснат сите околности, точната причина за смртта и мотивот што го навел младичот да го изврши ова незапаметено злосторство.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата