Круљ прозиваше, Брера ги стартуваше зимските подготовки! (ФОТО)

Vecer | 08.01.2024

Круљ прозиваше, Брера ги стартуваше зимските подготовки! (ФОТО)
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Фудбалерите на Брера Струмица од денеска се во “погон“. Имено струмичани ги стартуваа подготовките, а претходно новиот тренер Бојан Круљ ја изврши прозивката. Познато е дека главната фаза во текот на овие зимски подготовки ќе биде одработена во Анталија.

“, Во планот е ова недела да биде воведна , да ги одредиме тестирањата  и лекарските прегледи. Во овие две недела пред Анталија ќе имаме базично трчање и подготовки за да се подготвиме што подобро. На 24 јануари патуваме за Анталија. Таму ќе имаме четири тест натпревари.  Ќе играме со Шабуртало од Грузија, со Черноморец Одеса од Украина, Атирау од Казахстан и Рух Хожов од Полска. Тоа се натпреварите кои ни ги одбравме. Мислам дека се исклучително добри натпревари  со кои ќе се потрудиме што подобро да се подготвиме, што подобро да се воигра екипата и што поподготвени да го пречекаме вториот дел“

изјави Круљ за клупскиот стајт.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk