Anhoch го најавува ПРВИОТ ГЕЈМЕРСКИ ТУРНИР ТЕККЕН 8 ВО МАКЕДОНИЈА

Vecer | 22.01.2024

Anhoch го најавува ПРВИОТ ГЕЈМЕРСКИ ТУРНИР ТЕККЕН 8 ВО МАКЕДОНИЈА
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Анхоч, во соработка со Комикс МК (comics.mk), со огромно задоволство и гордост го најавија првиот турнир за сите љубители на Теккен 8 во Македонија.

Датум: 27.01.2024 со почеток во 12:00ч.

Локација: Capitoll Mall – Аеродром, Скопје, 2ри кат.

Ова не е обичен турнир, туку 5 часовна мега забава исполнета со изненадувања, топли прегратки, танцување и боречки вештини и секако фантастични награди.

Забавата и одличните награди се загарантирани и за учесниците но и за целата публика.

Се започнува на 27.01.2024 во 12:00ч со непобедливата енергија на единствениот Марко Новески (marko noveski)кој ќе Ве води низ целиот настан.

Она што може да го очекувате:

·       Награди за најдобрите 3 натпреварувачи:

o   Прво место: Анхоч гејминг вредносен ваучер во висина од 12.000 денари

o   Второ место: Анхоч гејминг вредносен ваучер во висина од 6.000 денари

o   Трето место: Анхоч гејминг вредносен ваучер во висина од 3.000 денари

o   Натпреварот ќе биде координиран и изведен во светски рамки, со добро познат Координатор и Судија од нашиот простор.

·       Награди за посетителите и оние кои ќе бидат со нас (Iron Fist Hour, односно Часот на Челичната Рака) :

o   Игри

o   Хардвер

o   Облека

·       Уникатен косплеј: Фантастичните Ива - Avi Cosplay (avicosplay) и Мартин Соколовски (martin.2jz)  ќе бидат облечени во улога на едни од главните ликови во новото издание на играта Теккен 8 – Лили и Џин.

Ќе имате шанса и да се сликате со нив, а можеби да дознаете и некоја тајна за Лили и Џин.

·       Сето ова ќе биде зачинето и со можност да видите уникатни боречки вештини од страна на веќе докажани мајстори во оваа област, односно:

Школа за Изворни Јапонски Борбени Вештини и Култура

TENRYU - BUSHIDO SCHOOL Иванчо Горјанин сенсеи (igorjanin)

Ги очекуваме сите љубители на Теккен но и секој кој сака да биде дел од уникатен настан каков што заслужува нашата гејминг заедница на заедничка забава и дружење.

Ние потврдуваме присуство а вие?

Погледнете ги сите детали на www.anhoch.com

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk