„Знам“ е насловот на дуетската песна на Калиопи и нејзиниот српски колега Жељко Самарџиќ. Соработката всушност значи и заокружување на четиридецениското пријателство, а интересно е дека песната е авторско дело на поранешниот сопруг на Калиопи, Ромео Грил.
– Штом ја слушнав песната за прв пат, сфатив дека тоа е повеќе од песна. Такво чувство ми се случи кога првпат ги слушнав „Бато“ и „Црно и бело“, сега ми се случува кога ја слушнав „Знам“, рекла Калиопи со солзи во очите на промоцијата во соседството.
„…Оваа песна ме успори малку и тоа навистина ми требаше. И јас во последните неколку години, како и сите ние, доживеав работи кои не натераа да размислуваме за себе и за другите. Да споделиш песна со некого е да споделиш душа“, вели Калиопи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата