logo
logo
logo

Во Москва се одржа руската верзија на Евровизија, учествуваа 23 земји, победи Виетнам

Vecer | 21.09.2025

Во Москва се одржа руската верзија на Евровизија, учествуваа 23 земји, победи Виетнам

На натпреварот насловен Интервизија, победи пејачот Дук Фук во конкуренција од 23 земји учеснички. Виетнамецот победи со 422 освоени гласови пред претставниците на Киргистан и Катар. Иако беше најавен, вчера американскиот претставник се повлече во последен момент поради, како што посочија организаторите, политички притисок. Интервизија, која во неколку наврати се одржуваше до 1980 беше возобновена годинава со претседателски указ на Владимир Путин, три години откако Русија беше исфрлена од Евровизија поради војната во Украина. На годинешното издание, учествуваа и Кина, Индија, Бразил, Белорусија, Куба, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Венецуела, Узбекистан, Виетнам и Мадагаскар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk