Видео: Експлозијата уништи бродот на сопруг на позната манекенка: Бог е голем

Vecer | 16.11.2026

Видео: Експлозијата уништи бродот на сопруг на позната манекенка: Бог е голем
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Неговата сопруга, 63-годишната манекенка Кети Ајрленд, на Инстаграм сподели снимка од пловилото зафатено од пламен, од кое се издигаше густ црн чад.

„Моторот експлодираше, а пожарот брзо ја стопи целата навигациска опрема, како и сплавот за спасување“, напиша таа. Во моментот на инцидентот, Олсен бил сам на бродот, наречен „4th Watch“, бидејќи Кети била отсутна поради работни обврски и време поминато со нивните внуци.

Според „California Post“, тој скокнал во морето, а го спасил маж кој случајно се наоѓал во близина во кајак. Инцидентот се случил на околу пет километри од државната плажа „Ел Капитан“, во близина на Санта Барбара. Грег поминал без повреди.

Кети нагласи колку ѝ е тешко да го уништи пловилото во кое нејзиниот сопруг вложил многу љубов и труд, но и колку е благодарна што тој преживеал.

– Ова пловило беше многу повеќе од обичен брод. Им донесе толку многу радост на нашето семејство и на многу други луѓе. Иако него веќе го нема, „4th Watch“ ќе живее вечно – рече таа.

Се огласи и Олсен, објавувајќи фотографија од бродот од неговите посреќни денови, при што изјави дека многу го сакал и дека е длабоко тажен поради неговото губење. Кети Ајрланд и Грег Олсен се во брак од 1988 година и имаат три деца.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk