Актерот гостуваше во емисијата на Џими Фалон во четвртокот и раскажа како музичката ѕвезда го учела на правилата на американскиот фудбал додека навивале за Тревис Келси од трибините.
Лекција по американски фудбал
Водителот Џими Фалон го праша 64-годишниот актер за што разговараат најголемата филмска ѕвезда и најголемата музичка ѕвезда во светот кога ќе се најдат еден до друг. Круз, кој го промовира својот нов филм „Digger“, одговори: „Таа ме учеше за американскиот фудбал“.
На изненадување на Фалон, актерот потврди дека зборува сериозно. „Таа навистина го познава спортот. Како прво, таа е генијалец. Ја следам уште од времето кога беше дете. Сите што беа таму, сите нивни пријатели... тие се прекрасен пар и магични се сами по себе. Целата екипа во таа ложа“, рече Круз.
Тој додаде дека дружењето на стадионот „Ароухед“ било посебно искуство за него. „Не бев бил на натпревар уште од пред пандемијата бидејќи постојано работев. Беше навистина забавно да се дружиме таму и да го доживеам тој момент. Таа навистина се разбира во тоа“, изјави тој.
„Брилијантен текстописец и музичар“
Круз и Фалон исто така спомнаа како 36-годишната Свифт претходно признала дека не знаела ништо за американскиот фудбал кога првпат го запознала Келси. „Таа рече: 'Знаеш, тој е толку трпелив'“, раскажа Круз. „Јас одговорив: 'Верувам дека е така'. Мислам дека секој би бил многу трпелив со неа“.
Актерот истакна дека пејачката сега целосно ја разбира играта и дека разговарале и за музика и за филмови. „Таа е духовита. Има одлична смисла за хумор. Плус, таа е брилијантен текстописец. Брилијантен музичар и режисер. Таа е многу талентирана“, заклучи Круз говорејќи за пејачката која стои зад албумот „Opalite“.
Извор: Индекс.хр
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата