logo
logo
logo

Сопругот на Никол Кидман среде разводот си нашол нова девојка, актерката ја заменил со помлада музичарка

Vecer | 01.10.2025

Сопругот на Никол Кидман среде разводот си нашол нова девојка, актерката ја заменил со помлада музичарка

„Златниот холивудски пар“ стави крај на својот брак, кој до вчера многумина го сметаа за олицетворение на совршенство.

Како што се шпекулираше, тој не губеше време и веќе пронашол утеха со нова, помлада девојка, а познатата актерка, откриваат блиски пријатели, наводно е „повредена и разочарана“.

Извор откри за People дека Никол Кидман е „повредена“ и „се чувствува предадена“ откако до неа стигнаа гласини дека Кит Урбан веќе почнал да живее заедно со „мистериозна помлада жена од музичката индустрија“.

Во Нешвил има гласини за тоа, но никој не може да го потврди.

- Таа е шокирана, сето тоа е многу болно и поразително за неа“ - велат пријателите на убавата актерка и додаваат дека Никол Кидман се борела да го спаси бракот.

- Таа не го сакала ова и навистина се борела да го спаси бракот - истакнале нејзините блиски луѓе.

Кит Урбан се иселил од семејниот дом

- Кит си основал свој дом во Нешвил и се иселил од семејниот дом - вели изворот.

Патем, Кит и Никол се во брак 19 години и имаат две деца, на 14 и 17 години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk