Традиционалниот хуманитарен настан се одржа во салата „Сал дез Етоал“ во Монте Карло и претставува еден од најзначајните летни настани во кнежевството, пишува HOLA.

Принцот Алберт Втори и принцезата Шарлен традиционално ја предводат вечерта во својство на претседател и потпретседател на Црвениот крст на Монако – организација што е поврзана со семејството Грималди уште од 1948 година.
За овогодишното издание, таа избра блескава златна креација која совршено се вклопи во медитеранскиот амбиент. Тесната силуета, раскошните набори и долгиот плашт ѝ дадоа на креацијата идеална доза на елеганција.

Впечатливиот златен фустан има асиметричен изрез и долго здолниште што на суптилен и елегантен начин ја истакнува нејзината фигура. Дизајниран е така што се обвиткува околу телото и ја нагласува силуетата, задржувајќи нота на софистицираност, додека неговиот најголем адут се крие во наборите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата