logo
logo
logo

Поранешен шеф на банда прогласен за виновен за убиството на раперот Тупак Шакур во 1996

Vecer | 01.09.2026

Поранешен шеф на банда прогласен за виновен за убиството на раперот Тупак Шакур во 1996

Поротата го прогласи шеесет и тригодишниот Дејвис за виновен по едно обвинение за убиство во врска со смртта на Шакур во пукотница во Лас Вегас на 7 септември 1996.

Обвинителите на судењето тврдеа дека иако поранешниот водач на уличната банда „Саут сајд Комптон крипс“ не пукал со пиштолот што го уби Шакур, тој го наредил убиството и го обезбедил оружјето што неговиот внук Орландо Андерсон го користел во пукањето.

Шакур имаше 25 години кога беше убиен на врвот на својата кариера, а убиството се случи во време на силното соперништво помеѓу рап сцената на источниот и западниот брег и среде вооружените пресметки помеѓу бандите „Бладс“ и „Крипс“, кои имаа длабоки корени во хип-хопот во тоа време.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk