Масимо Савиќ почина во Загреб, а за местото на погреб ќе се почитува неговата последна желба

Vecer | 24.12.2022

Масимо Савиќ почина во Загреб, а за местото на погреб ќе се почитува неговата последна желба
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Засега е познато само дека комеморацијата за уметникот кој остави длабок и незаборавен белег ќе се одржи во петок, на 30 декември во 11 часот во Хрватскиот народен театар во Загреб.

Масимо, според неговата последна желба, ќе биде погребан во Задар, но датумот се уште не е познат.

- Желбата на Масимо беше да биде кремиран. Кога неговата сопруга Ени ќе ги има точните информации, ќе не извести и подоцна ќе дознаеме сѐ за погребот. Комеморацијата во ХНК е договорена и сега се договараат сите детали. Таму дефинитивно ќе бидат неговите најблиски, бендот и пријателите. Меѓу многуте музичари, сигурно ќе бидат Иво Попескиќ и Пеги Мартињак. „Ќе настапат само инструменталистите бидејќи сè е наменето да биде инструментално, со оглед на тоа што Масимо беше „гласот“, така што нема да користиме друг глас - изјави Лана Чулиг од Aquarius records, издавачката куќа на Масимо.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk