logo
logo
logo

Крај за "The X Factor": Сајмон Кауел оди во историјата, шоуто престанува со снимање по 17 години

Vecer | 30.07.2021

Крај за "The X Factor": Сајмон Кауел оди во историјата, шоуто престанува со снимање по 17 години

Сајмон Кауел го паузираше снимањето на шоуто „Х Фактор“ во 2018 година, но извори за „Daily Mail“ тврдат дека е малку веројатно шоуто некогаш да се врати на малите екрани. Музичкиот магнат во моментов е фокусиран на други проекти…

61-годишниот Сајмон Кауел го започна шоуто „Х Фактор“ во 2004 година, а последната сезона се емитуваше во 2018 година. Форматот се уште е успешен низ целиот свет, но музичкиот магнат не сакал британската верзија да стане „шега“.

Наводно, Кауел одлучил да го одложи шоуто на пет години, но новите извори велат дека најверојатно шоуто никогаш нема да се врати. Тие чувствуваат дека претприемачот е фокусиран на нивното ново шоу „Walk The Line“.

Во последната сезона на британскиот „Х Фактор“ членови на жирито беа Сајмон, Луи Томлинсон, Роби Вилијамс и неговата сопруга Ајда Филд. Во 2019 година, Сајмон го претстави шоуто „X Factor: Celebrity“, во кое победи Меган Мекен.

– Во оваа фаза нема тековни планови за следна сезона на „Х Фактор“ – рече претставник од шоуто за MailOnline.

Да потсетиме, од британскиот „X Factor“ излегоа големи ѕвезди како Џејмс Артур, „One Direction“, Оли Мурс, „Little Mix“ и други.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk