logo
logo
logo

Ќерката на Симон Трпчески, Лара, испрати музичка порака – „За овој свет“ (ВИДЕО)

Vecer | 26.06.2022

Ќерката на Симон Трпчески, Лара, испрати музичка порака – „За овој свет“ (ВИДЕО)

„За овој свет“ е новата порака испратена преку песна. Ќерката на светски познатиот пијанист, Симон Трпчески, Лара, отпеа песна, која како што вели музичарот, е песна која ни припаѓа на сите.

ЛАРА И ПРИЈАТЕЛИТЕ – „За овој свет“

Моја долгоочекувана желба, откако почна катастрофата на човештвото пред 2 години (корона пандемијата што се’ уште не е стопирана…), со мојата ќерка и колегите од МАКЕДОНИСИМО, во форма на музичка порака од децата и младината – до децата, младината и најважно – возрасните, за мудрост преку која ќе процвета подобар свет!

Уживајте во уште еднаш испеаната „За овој свет“ – песната што ни припаѓа на сите! – објави Трпчески.

Музиката е на Младен Марковиќ, а зад текстот стои името на Весна Малинова. Аранжманот е на Симон Трпчески и Влатко Нушев. Покрај Лара која е солист, учествува Детски хор подготвен од Тоше Митрев, Симон Трпчески и Влатко Нушев, како и Младински хор – од хорот „Про Арс“ и Хорот на Младинскиот културен центар, под раководство на диригентот Сашо Татарчевски.

Елементите од проектот МАКЕДОНИСИМО во аранжманот ги доловија пијанистот Симон Трпчески, виолинистот Владимир Крстев, виолончелистите Паскал Краповски (аудио) и Мартина Јаневска (видео), кларинетистите Хидан Мамудов (аудио) и Александар Ангелов (видео) и на удиралки Влатко Нушев. Режисер на спотот е Владимир Митревски-Ѓуле, Фокус филм, кои се појавуваат и како продукција на истата, а продуцент е Симон Трпчески.

Песната има и англиска верзија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk