За најпаметен хороскопски знак често се смета Водолијата. Со неа владее Уран, планетата на иновациите, генијалноста и новите идеи, па за Водолиите се вели дека размислуваат неколку чекори однапред.
Нивниот ум не функционира на вообичаен начин, Водолиите често наоѓаат решенија таму каде што другите не ги гледаат и имаат способност да ја согледаат пошироката слика.
Аналитички ум
Водолиите се познати по љубопитноста и желбата да го разберат светот околу себе. Нивната интелигенција не е само академска, тие имаат изразена логика, аналитичност и способност да поврзат наизглед неповрзани работи.
Често се луѓето кои први ги забележуваат промените, ги предвидуваат трендовите и доаѓаат до идеи кои на другите им изгледаат необично.
Знак кој ги менува правилата на играта
Она што дополнително ги издвојува е независноста во размислувањето. Водолијата не ги прифаќа слепо туѓите мислења, туку сака сама да истражи, да анализира и да донесе заклучок. Поради тоа, меѓу припадниците на овој знак често има научници, пронаоѓачи, уметници и луѓе кои ги менуваат правилата.
Кога станува збор за оригиналноста, визијата и способноста да размислува поинаку од мнозинството, Водолијата често се наоѓа на самиот врв на листата со најинтелигентни знаци во Зодијакот. Нивната најголема сила не е само во тоа што знаат многу, туку во тоа што умеат да ја видат иднината пред сите други.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата