logo
logo
logo

ЏОРЏИ КЛУНИ И АМАЛ БЕГААТ ОД СВОЈОТ ДОМ, пожарите во Фрнација им дојдоа пред врата

Vecer | 30.07.2026

ЏОРЏИ КЛУНИ И АМАЛ БЕГААТ ОД СВОЈОТ ДОМ, пожарите во Фрнација им дојдоа пред врата

Холивудскиот актер Џорџ Клуни, неговата сопруга Амал и нивните деца беа итно евакуирани од нивниот имот во Франција поради ужасните шумски пожари.

Заедно со нивните деветгодишни близнаци, Александар и Ела, славниот пар беше принуден да избега од невидениот пожар што беснее низ Брижол во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег.

Претставник на семејството потврди дека Џорџ и Амал се јавиле со писмо и директно го информирале градоначалникот на Брижол, Дидие, за нивната драматична ситуација.

„Драг Дидие, во овој момент немаме поим дали нашиот прекрасен дом ќе ги преживее овие ужасни моменти“, наведоа тие во емотивно писмо.

Тие рекоа дека искрено се надеваат дека сите нивни сограѓани се безбедни и нагласија колку силно се поврзани со целата локална заедница во овие тешки моменти.

Патем, Џорџ Клуни и неговото семејство добија француско државјанство на крајот на 2025 година, а оваа година тој беше и на престижната листа на 500 најбогати луѓе во Франција, благодарение на неговата успешна актерска кариера и бројните деловни потфати.

И покрај големиот ризик да останат без вреден имот, славната двојка изјави дека немаат намера да ја напуштат оваа област.

„Амал и јас сакаме да кажеме дека, без оглед на тоа што ќе се случи со нашето село, ние ќе останеме дел од оваа заедница и ќе учествуваме во нејзината обнова. Ги сакаме Брижол и нашите пријатели кои живеат таму“, напиша двојката.

Катастрофалните шумски пожари низ јужна Франција зафатија огромна површина неколку пати поголема од самиот Париз. Според официјалните податоци, досега стотици илјади луѓе се евакуирани од загрозените и критичните зони.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk