logo
logo
logo

Џенифер Анистон ја објави првата фотографија со момчето

Vecer | 04.11.2025

Џенифер Анистон ја објави првата фотографија со момчето

Мегапопуларната актерка Џенифер Анистон привлече големо внимание со својата нова врска со гуруто за љубов Џим Кертис.

Двојката првично одби да коментира за деталите од нивната врска, но од нивните лица беше јасно колку се заљубени. Дека ова е вистина сведочи и најновиот потег на Анистон, која ја објави својата прва заедничка фотографија на Инстаграм и му посака среќен роденден на Кертис.

„Среќен роденден, љубов моја“, напиша таа под објавата.

Претходно, во серија фотографии посветени на летото, актерката објави и една со Кертис, но овој пат, и таа е на фотографијата.

Џенифер Анистон и Џим Кертис за прв пат беа видени заедно во јули оваа година и оттогаш се неразделни, тој дури ја придружуваше и на премиерата на четвртата сезона на „Утринското шоу“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk