logo
logo
logo

СЕДМО МЕСТО ЗА МАКЕДОНИЈА НА ДЕТСКАТА ЕВРОВИЗИЈА Нела Манческа остави силен впечаток

Vecer | 13.12.2025

СЕДМО МЕСТО ЗА МАКЕДОНИЈА НА ДЕТСКАТА ЕВРОВИЗИЈА Нела Манческа остави силен впечаток

Нашата претставничка Нела Манческа со песната „Miracle“ го донесе седмото место на 23. издание на детската Евровизија, кое вечерва се одржа во Тбилиси, Грузија. Победата ја однесе Франција со песната „Ce Monde“, пред второпласираната Грузија и третопласираната Украина.

Според оценките на стручните жирија, Манческа освои 92 поени, што ѝ донесе петто место во делот на жирито. Со гласовите од публиката, нашата земја собра дополнителни 49 поени, што ја постави на конечната седма позиција.

Настапот на Нела Манческа беше награден со силен аплауз од присутните во салата, а нејзината енергична и моќна интерпретација на песната остави силен впечаток. „Miracle“ е авторско дело на Лазар и Магдалена Цветкоски, кои го потврдија својот талент на европската сцена.

Победата на детската Евровизија 2025 ја однесе Франција со песната „Ce Monde“. Француската претставничка Лу Делез освои 152 поени од жирито и дополнителни 96 поени од публиката, обезбедувајќи убедлива предност. Второто место го освои домаќинот Грузија, додека Украина се пласираше на третата позиција.

Македонија со својата позиција во топ 10 повторно покажа дека има потенцијал и талент за меѓународни музички настапи, а настапот на Нела Манческа ќе остане запаметен како еден од најуспешните досега на детската Евровизија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk