Благоја Грујовски и Јане Рафаиловски ги здружија силите во заеднички бенд

Vecer | 03.06.2024

Благоја Грујовски и Јане Рафаиловски ги здружија силите во заеднички бенд
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Доајенот на македонската фолк музика Благоја Грујовски и македонскиот виртуоз на саксофон и кларинет Јане Рафаиловски објавија почеток на нивна заедничка соработка. Музичките сили ги здружија во заеднички бенд со кој веќе го реализираа и нивниот прв заеднички проект, музички коктел каде гостуваат Сузана Гавазова и Боби Павловски.

Нивната соработка трае веќе 15 години. Рафаиловски е автор на неколку песни на Благоја како што се “Моја рекa”, “Ој невесте“ и други. Рафаиловски, меѓу другото е актуелен и со својот последен авторски проект, комплетно спакувано музичко и визуелно дело „Превез од сништа“, кој повторно и според квалитетот и според тимот, ги поместува границите на невозможното на македонската музичка сцена.

Покрај Јане и Благоја, во екипата се и Нико Сребров, Тимчо Чичаковски и Дамјан Василевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk