logo
logo
logo

Аца Лукас ОТКРИ КОЈ АКТЕР САКА ДА ГО ГЛУМИ НЕГОВИОТ ЖИВОТ

Vecer | 20.03.2022

Аца Лукас ОТКРИ КОЈ АКТЕР САКА ДА ГО ГЛУМИ НЕГОВИОТ ЖИВОТ

а Фолк ѕвездата Аца Лукас ја изненади јавноста кога ја објави својата автобиографска книга „Ова сум јас“, а многу се пишува и за снимањето серија и филм за неговиот живот.

Се шпекулираше со различни детали и се споменуваа бројни актери кои би можеле да го играат Лукас во серијата, а пејачот конечно одлучи кога би сакал да го види во таа улога. Претходно тој посака да го игра Марко Живиќ, кој за жал почина во октомври минатата година, па изборот падна на друг Марко - Марко Јанкетиќ.

„Го гледав Марко во неколку серии и заклучив дека е одличен. Може да ги игра сите жанрови, од Нирвана до Силвана. Се уште не сум разговарал со него, но мислам дека најдобро би го претставил мојот живот. Не знам дали ќе се согласи и како.„Преговорите ќе бидат тешки, но момчето е одлично и мислам дека одлично би ме играл“, изјави Лукас.

Марко вели дека се уште чека покана од авторот на серијата.

Никој не ме контактирал во врска со споменатиот проект, па ни тоа не можам да го коментирам“, изјави Јанкетиќ за „Блиц магазин“.

Серијата за животот на Аце Лукас треба да се снима во текот на летото и да се вика „Кафана на Балканот“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk