logo
logo
logo

СКАНДАЛ: Управниот одбор на Фонд за здравство НЕ ЈА ЕСАПИ ВЛАДАТА - НЕМА ДА ГИ НАМАЛАТ ХОНОРАРИТЕ

Vecer | 10.08.2022

СКАНДАЛ: Управниот одбор на Фонд за здравство НЕ ЈА ЕСАПИ ВЛАДАТА - НЕМА ДА ГИ НАМАЛАТ ХОНОРАРИТЕ

И покрај владината одлука за висината на надоместоците на членовите на Управни одмори, одредени институции не ја почитуваат, Конкретно, станува збор за Фондот за здравство,објави Република.

Иако Владата на 20.04.2021 година донела заклучок да се зголемат надоместоците на претседателите на УО од 12.000 од 18.000 денари а на членовите од 10.000 на 15.000 , во јули истата година се поништува таа одлука.

Но, Управниот одбор на Фондот за здравство не постапува по одлуката на Владата и нивните членови и претседатели земаат се уште повисоки надоместоци.

Она што е важно да се нагласи е дека претседателот на Управниот одбор Дејан Николовски доаѓа од Министерството за финансии и е државен советник за јавен долг. Нормално би било тој да се однесува домаќински кон парите од граѓаните но во случајот не е така.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk