logo
logo
logo

Зеленски: Вашингтон останува посветен на постигнување мировен договор

Vecer | 24.12.2025

Зеленски: Вашингтон останува посветен на постигнување мировен договор

Како што објави парискиот весник „Ле Монд“ на својата веб-страница, Зеленски во своето редовно обраќање синоќа рече дека добил детален извештај од секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Рустем Умеров и началникот на Генералштабот на украинските вооружени сили Андриј Хнатов, по нивните состаноци со американските претставници.

Зеленски рече дека се подготвуваат нацрти на договорот и дека за време на разговорите биле дискутирани одредени точки.

„Остануваме во постојан контакт со САД и сметаме на континуирана соработка“, рече претседателот на Украина.

Зеленски додаде дека Вашингтон сака конечен мировен договор, наведувајќи дека Украина целосно соработува и дека „тоа никогаш нема да биде пречка за мир“.

Меѓутоа, нагласи тој, Русија мора да престане да ја „саботира дипломатијата“ и сериозно да го сфати крајот на војната.

Украинскиот претседател, исто така, повика на континуиран притисок врз Москва за прекин на агресијата, тврдејќи дека меѓународната заедница ги има „сите потребни инструменти“ за да го постигне тоа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk