logo
logo
logo

Зеленски: Преговорите со САД ќе почнат наскоро

Vecer | 29.11.2025

Зеленски: Преговорите со САД ќе почнат наскоро

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на преговорите со Соединетите Американски Држави за мировниот план за прекин на конфликтот со Русија, кои, како што наведе, наскоро ќе започнат, земјата ќе ја претставуваат началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Андреј Гнатов и секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Рустем Умеров.

Во синоќешното видео обраќање, Зеленски рече дека претставници на Министерството за надворешни работи и украинската разузнавачка служба ќе бидат меѓу членовите на украинската делегација, пренесува „Униан“.

Тој додаде дека во моментов се во тек подготовки за состанок со американската страна.

„Преговорите наскоро ќе започнат, а наши претставници ќе бидат таму - началникот на Генералштабот, претставници на Министерството за надворешни работи, секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана и нашата разузнавачка служба. Состаноци со американската страна ќе се одржат во блиска иднина“, нагласи Зеленски.

Украинската делегација досега ја предводеше Андриј Јермак, кој вчера поднесе оставка од функцијата шеф на претседателскиот кабинет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk