Во интервју за германскиот медиум „ЗДФ“, Зеленски изјави дека таквите предлози суштински значат капитулација.
„Тие велат гаранциите ќе дојдат по крајот на војната – а војната ќе заврши кога ќе се повлечеме од Донбас. Не сме идиоти. Знаеме што значи тоа“, рече тој.
Зеленски додаде дека дел од американските функционери, меѓу кои Џаред Кушнер и Стив Виткоф, сметаат дека Русија ја добива војната, но оцени дека таквата проценка е погрешна.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата