logo
logo
logo

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Се зголемува бројот на загинати, 20 згради урнати во еден град(Обновено)

Vecer | 10.08.2026

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Се зголемува бројот на  загинати, 20 згради урнати во еден град(Обновено)

Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри.

Според првичните информации, загинале најмалку 60 лица и причинета е голема штета.Од минута во минута расте бројот на загинати повредени.

Најмалку 82 лица загинаа во силниот земјотрес со јачина од 7,4 степени што ја погоди Колумбија. Бројот на жртви нагло се зголеми по пристигнувањето на новите податоци од Переира, еден од градовите што претрпеа најголеми штети. Шефот на локалната полиција, Оскар Леонел Очоа, изјави за „Каракол радио“ дека само во Переира загинале најмалку 47 лица. Градоначалникот Маурисио Салазар претходно соопшти дека има 40 загинати, додека властите во департманот Рисаралда претходно известија за 42 жртви на територијата на целиот департман. Очоа исто така наведе дека во Переира се урнале повеќе од 60 згради, а можно е и повеќе од 70. Потрагата низ урнатините сè уште трае.

Се шират снимки од урнати згради. Во градот Кали се урнаа 20 згради. Гувернерката на департманот Чоко, Нубија Каролина Кордоба Кури, потврди дека од главниот град Кибдо пристигнуваат информации за повредени лица и „сериозни оштетувања на згради“.

Таа исто така предупреди на можноста од последователни потреси.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk