Последната размена на оган меѓу САД и Иран во Ормутскиот теснец се закануваат да го разгорат конфликтот и да го вратат на почеток. Трамп избегна да одговори дали кревкото примирје е се уште на сила.
-Г-не претседателе, дали Иран го прекрши прекинот на огнот? Сметате ли дека примирјето ќе се одржи? , го прашаа новинарите Трамп, кој избегна да даде одговор.
Претходно, американскиот претседател ја продолжи воинствената реторика и предупреди дека Иран ќе исчезне од лицето на земјата ако ги нападне американсите бродови во Персискиот залив, кои од вчера се обидуваат да ги придружуваат и да ги извлечат комерцијалните пловила преку Ормускиот теснец. Трамп се пофали дека седум ирански бродови биле потопени во рамките на операцијата.
-Нашата земја е во подем и покрај тоа што сме, како што велам, во мини војна, бидејќи тоа е се што се тие. Тие веќе немаат морнарица. Тие имаа 159 бродови. Колку им останаа од тие 159? Претпоставете. Нула. Не смееме да дозволиме Иран да има нуклеарно оружје. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Техеран, кој веќе контролира голем дел од Ормутскиот теснец порача дека нивниот одговор на воениот пристап на Вашингтон не е ни започнат.
Шефот на дипломатија Арагчи, на социјалните мрежи американската мисија наречена „Слобода“ ја нарече проект „Ќорсокак“, алудирајќи дека дипломатското статус кво дополнително се продлабочува. Вашингтон се пофали дека низ теснецот безбедно извлекле неколку комерцијални бродови, што за експерите е капка во морето со оглед дека пред војната во просек 140 пловила дневно минувале низ нафтената рута.
-Тој (Трамп) се обидува да ја тестира иранската блокада. Тој е многу тесен премин. Тој мисли дека ќе може да се стекне со влијание ако значителен број бродови можат да поминат преку тактиката на проектот „Слобода“. Тоа е битка за тоа кој ќе изврши поголем притисок врз другиот за да ги придвижи преговорите на позитивен начин. , изјави Марк Фајфл, безбедносен аналитичар.
Проценките се дека во регионот на Ормутскиот теснец се заглавени 20 илјади морнари и две илјади бродови. Пентагон најави дека за нивно извлекување, се ангажирани 15 илјади војници, над 100 авиони и разурнивачи со наведувани ракети.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата