logo
logo
logo

Сеул: Северна Кореја истрела балистички ракети кон Источното Море

Vecer | 04.01.2026

Сеул: Северна Кореја истрела балистички ракети кон Источното Море

Јонхап го цитираше Генералштабот во Сеул кој соопшти дека ги детектирал лансирањата.

- Нашата војска одржува цврст став на подготвеност додека тесно ги споделува информациите за севернокорејските балистички ракети со САД и Јапонија, во услови на засилен надзор против дополнителни лансирања, соопшти Генералштабот.

Ракетите прелетаа околу 900 километри пред да паднат во морето, се наведува во соопштението.

Јапонската новинска агенција Кјодо, повикувајќи се на јапонската крајбрежна стража, објави дека биле истрелани две ракети за кои постои сомневање дека се балистички.

Јонхап наведува дека Пјонгјанг последен пат лансирал балистичка ракета кон Источното Море во ноември.

На Северна Кореја ѝ е забрането со резолуции на ОН да лансира или дури и да тестира балистички ракети од кој било дострел. Овие проектили обично се од типот земја-земја и можат да бидат опремени со нуклеарна боева глава. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk