logo
logo
logo

САД во март создале 228.000 работни места, но невработеноста расте

Vecer | 04.04.2025

САД во март создале 228.000 работни места, но невработеноста расте

Набљудувачите сметаат  дека порастот е резултат на економското закрепнување по шумските пожари и невремето во западниот и централиот дел на земјата, катастрофи што го забавија растот.

Во март, стапката на невработеност се зголеми од 4,1 на 4,2 отсто, делумно поради појавата на нови лица на пазарот на труд, се наведува во денешниот извештај на Бирото за труд.

Економистката Дејна Петерсон во изјава за „Си-Ен-Ен“ предупреди дека ова може да биде „затишје пред бура“, а поради новите царини воведени од администрацијата на Трамп. Таа вели дека тарифите би можеле да предизвикаат стагфлација – комбинација од слаб економски раст, повисока инфлација и раст на невработеноста.

Првиот човек на Федералните резери, Џером Пауел, денеска изјави дека е премногу рано да се донесуваат одлуки за каматните стапки, по стравувањата од ценовни шокови поради тарифите.

Американските берзи го започнаа денешниот ден со пад, откако Кина возврати со контрацарини, зголемувајќи ги тензиите во глобалната трговска војна. Фјучерсите се стабилизираа накратко пред објавата за работните места, но повторно паднаа по анализата на податоците. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk