САД полека се опоравуваат од силното невреме на Денот на благодарноста- метеоролозите со лоши прогнози (ВИДЕО)

Vecer | 28.11.2026

САД полека се опоравуваат од силното невреме на Денот на благодарноста- метеоролозите со лоши прогнози (ВИДЕО)
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Обилните дождови што го погодија источниот брег на Соединетите Американски Држави (САД) почнаа да се намалуваат, додека снабдувањето со електрична енергија постепено се обновува денес за стотици илјади клиенти по силната бура што го погоди регионот во петок, Денот на благодарноста, објави АП.

Националната метеоролошка служба предупреди дека ќе биде потребно повеќе време за бурата да ослабне, поради што се во сила предупредувања за крајбрежни поплави од Њу Џерси до Вирџинија.

Бурата го парализираше сообраќајот, собори дрвја и далноводи од Њујорк до Вирџинија, објавува CBS News.

Според услугата за следење на летови „FlightAware“, речиси 3.700 летови во САД беа одложени, додека повеќе од 160 беа откажани.

Бројот на клиенти без електрична енергија, кој надмина 900.000 во четврток, се намали на околу 300.000, според податоците од порталот „PowerOutage.us“.

Во Норфолк, Вирџинија, спасувачките екипи евакуираа 39 лица и две кучиња, додека покриви се урнаа во Оушн Сити и Роквил.

Поради дожд и силен ветер, традиционалната парада на Мејси во Њујорк беше одложена за прв пат во историјата.

Во Балтимор паднаа рекордни 7,7 сантиметри дожд, а плимата во Анаполис беше меѓу 10-те највисоки во историјата.

Додека условите се смируваат во источен Мисури откако наврнаа околу 38 сантиметри снег, а покривот на лизгалиштето се сруши под тежината, за западните и централните делови на земјата е најавен нов бран зима.

Метеоролозите предвидуваат до 45 сантиметри снег од Монтана до Колорадо за викендот, додека уште еден бран дожд и силен ветер се очекува на Источниот брег во недела навечер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk