logo
logo
logo

Русија го регистрираше првиот свој лек за Covid-19

Vecer | 13.11.2021

Русија го регистрираше првиот свој лек за Covid-19

Лекот за инјектирање против коронавирусната болест Covid-19 познат како „Арепливир“, со генерички назив „Фавипиравир“, развиен и произведен во руската компанија „Биохемист“ во Саранск минатата 2020 година е одобрен во петокот од страна на домашниот регулатор.

Во февруари годинава руските власти известија дека од септември претпријатието десеткратно ќе го зголеми производството на лекот, на милион пакувања месечно, а се планира во следниот период производството на два милиона пакувања.

Лекот „Арепливир“ е вклучен во упатставата на руското министерство за здравство за третман на зарази со коронавирусот и е вклучен на листата на „неопходни и клучни“ лекарства. Дополнително, дозволено е и неговото амбулантно користење.

По вчерашната регистрација, „Арепливир“ би требало да се употребува во болниците до крајот на 2021 година, изјавиле за агенцијата ТАСС од корпорацијата која го развила лекот „Промомед Груп“.

„Првиот домашен интравенски антивирусен лек со директно дејство ‘Арепливир’ (фавипиравир) доби потврда за регистрација и до крајот на годината ќе биде испорачан во болниците во сите региони на земјата“, го цитира агенцијата соопштението за јавноста во кое се додава дека корпорацијата одговора на итната потреба од болничка терепија за Covid-19 во земјата.

Корпорацијата „Промомед“ истакнува дека станува збор за првиот во светот создаден „Фавипиравир“ за инјектирање, и покрај тоа што всушност се работи за супстанција која е нерастворлив прав. Повеќецентричната клиничка студија предводена од академикот на Руската академија на науките, Дмитриј Пушкар, ја потврдила ефикасноста и безбедноста на новиот лек за болнички третман на ковид-пациентите, се додава во соопштението.

Инаку пероралната форма на „Арепливир“ веќе е вклучена во моменталните упатства на руските здравствени власти за третман за амбулантските и за болнички стадиуми на коронавирусната болест. Се очекува во истите препораки да биде вклучена и форамта за инјектирање. Досега во Русија бил користен странски антивирусен лек за парентерално администрирање, кој освен што е скап е и малку достапен во земјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk