Ослободувањето на затворениците следеше по состанокот меѓу привремената претседателка на земјата, Делси Родригез, и американскиот претседател Доналд Трамп, кој се одржа минатата недела на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, објавува АП.
Во говорот пред ОН, Родригез рече дека Венецуела, чија влада често е обвинувана за затворање дисиденти, кражба на избори и потиснување на слободата на говорот, „започна процес на демократска трансформација“.
Во објава на платформата X, венецуелската организација за човекови права Clippve соопшти дека седум политички затвореници се ослободени од затвор во предградието на Каракас вчера наутро, вклучувајќи го и Валдер Васкез, студент кој беше осуден на пет години затвор за учество во заговор за атентат врз поранешниот претседател Николас Мадуро во 2018 година.
Васкез долго време тврдеше дека е невин, а неговата казна истекува во 2023 година.
Друга група за човекови права, Justicia Encuentro y Perdon, соопшти дека вчера од венецуелските затвори биле ослободени 29 лица, вклучувајќи 12 затвореници на нејзиниот список на политички затвореници.
„Седумнаесет од ослободените не беа во нашата база на податоци за политички затвореници. Нашиот тим продолжува да ги проверува информациите за да го ажурира нашиот регистар“, соопшти групата.
Венецуелската влада не издаде никаква изјава во врска со ослободувањето на затворениците.
Администрацијата на Делски Родригез негира дека Венецуела затвора дисиденти, но вели дека се прават напори за ослободување на луѓе кои биле под истрага или осудени за кривични дела, вклучително и напади врз државни институции, како дел од напорите за поттикнување на национално помирување.
🇺🇸🇻🇪 ÚLTIMA HORA: Donald Trump dice que habló con Delcy Rodríguez sobre elecciones en Venezuela durante su reunión en Nueva York: “Es muy amable y fantástica”. “Venezuela está ganando mucho dinero ahora para su gente, realmente algo grandioso”. https://t.co/aey59toy7e
— Alerta Mundial (@AlertaMundoNews) September 26, 2026
Стотици луѓе се ослободени од венецуелските затвори откако соборениот претседател на земјата, Николас Мадуро, беше заробен во јануари за време на американската воена операција и однесен во Њујорк, каде што се соочува со обвиненија за трговија со дрога. Групите за човекови права велат дека Венецуела сè уште држи околу 450 политички затвореници, вклучувајќи 20 странци. Најмалку 1.800 луѓе се уапсени во Венецуела во репресиите по претседателските избори во 2024 година, за кои Мадуро беше обвинет за местење и кои САД не ги признаа, а десетици опозициски активисти се префрлија во илегала за да избегнат апсење, додека некои избегаа од земјата, вклучувајќи ја и лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо, која тајно ја напушти Венецуела минатата година за да ја прими Нобеловата награда за мир. Администрацијата на Делси Родригез се закани дека ќе ја уапси Мачадо ако се врати.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата