Во центарот на бизарната теорија на заговор е Џордан Рајт, 32-годишен демократски конгресмен кој го претставува 70-от округ, кој вклучува дел од Харлем.
Лавина од онлајн коментари
Видеото е снимено во петок за време на прес-конференција на која градоначалникот Зохран Мамдани им се обрати на новинарите за планот за затворање на градскиот затвор на островот Рајкерс.
Во еден момент, Џордан Рајт може да се види како трепка и ги превртува очите нагоре во позадина. Тој момент предизвика лавина од онлајн коментари, објавува Њујорк пост.
Некои корисници кои го споделија видеото понудија бизарно објаснување дека демократскиот политичар е всушност „рептил преправен како човек“.
Еден од нив напиша дека тоа е „начинот на кој гуштерите трепкаат“, додека други отидоа чекор понатаму, сугерирајќи дека „вонземјани како оние во филмот „Луѓе во црно“ живеат меѓу луѓето“.
Снимката ја објави и теоретичарот на заговор Алекс Џонс, кој го стори тоа на социјалната мрежа X. Тој имаше свој став: „За прв пат во историјата, демони како ја преминуваат астралната рамнина и влегуваат во нашата димензија се снимени на камера во Њујорк“, напиша тој.
„Немам поим што се случило“
Откако чудните тврдења се проширија на интернет, Рајт реши да проговори. Тој истакна дека самиот не може да објасни што точно се случило во моментот кога е снимен на камера.
„Немам поим што се случило на таа снимка. Навистина не сум сигурен“, рече тој.
Политичарот ги отфрли инсинуациите дека „не е човек“, посочувајќи ја својата работа во федералното собрание како доказ за неговата човечност, објави Unilad.
„Очигледно е дека сум човечко суштество, а мојата човечност може да се види во законите што ги предлагам и поддржувам, како што се четирите милиони долари доделени на центарот за еколошка правда WE ACT во Харлем“, рече тој.
Теоријата на заговор дека „некои политичари се кријат зад човечки изглед, додека всушност тие се влекачи“ стана популарна во текот на 20 век. Според неговите поддржувачи, влекачките суштества наводно „живеат меѓу луѓето и влијаат врз општеството и политичките настани од сенка“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата