Завчерашниот беше најсмртоносниот напад врз американската војска во последните 10 години

Vecer | 28.08.2021

Завчерашниот беше најсмртоносниот напад врз американската војска во последните 10 години
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Завчерашниот терористички напад во Кабул е пример за сложеноста на 20-годишната војна во Авганистан.

Имено, завчерашниот напад, во кој загинаа околу 150 луѓе, од кои 13 американски војници, е најголемиот напад врз американската армија во последните десет години.

Тој се случи на почетокот на август 2011 година кога се урна американски хеликоптер Чинук. Во тоа време, беа убиени 30 припадници на американската војска, од кои 22 беа припадници на специјални единици SEAL (интересно, повеќето од нив беа и членови на Тимот 6, кој ја изведе операцијата во која беше убиен Осама бин Ладен во Пакистан во Мај 2011 година).

Тој хеликоптер беше соборен од Талибанците пред 10 години.

Вчера, сепак, истите тие талибанци всушност и помагаа на американската војска, заедно ја чуваа областа на меѓународниот аеродром во Кабул.

Тие самите беа жртви на терористички напад прексиноќа - според сегашните податоци, прексиноќа биле убиени најмалку 28 талибански стражари.

Да потсетиме, нападот го изврши ИСИС-К, која е непријател на двете страни.

Завчерашниот напад ги означува и првите американски воени жртви во Авганистан од февруари 2020 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk