Москва го „дигна на нозе“ НАТО, авион AWACS пристигнува во Полска

Vecer | 24.11.2026

Москва го „дигна на нозе“ НАТО, авион AWACS пристигнува во Полска
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Минатиот петок, како што потврди обвинителството, три руски ракети „Х-101“ паднаа на територијата на Полска. Инцидентот предизвика загриженост дека војната во Украина би можела да се прошири на територијата на НАТО, пишува Ројтерс.

По состанокот на НАТО во Брисел, Залевски им изјави на новинарите дека Полска ќе добие авион од типот AWACS. „Станува збор за врвен систем кој ни овозможува многу подобар оперативен увид во ситуацијата. На тој начин, можеме поефективно да одговориме на ваквите закани“, рече тој.

Флотата на НАТО располага со 14 авиони за рано предупредување и контрола, кои се препознатливи по радарските куполи со дијаметар од девет метри. Овие летала се во служба на Алијансата за воздушен надзор и контрола уште од 1982 година.

Тие се стационирани во воздухопловната база Гајленкирхен во Германија, а од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година, интензивно се користат за надгледување на источното крило на НАТО. Во случај на конфликт, системите AWACS можат да обезбедат единствена радарска слика за сите сојузнички борбени авиони, бродови и командни центри, истовремено насочувајќи ги борбените авиони на НАТО кон целите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk