logo
logo
logo

МКС го отфрли барањето за ослободување од притвор на поранешниот филипински претседател Дутерте

Vecer | 28.11.2025

МКС го отфрли барањето за ослободување од притвор на поранешниот филипински претседател Дутерте

Поранешниот филипински претседател Родриго Дутерте ќе остане во притвор во Хаг, пресуди денеска Меѓународниот кривичен суд (МКС) по неговата жалба, отфрлајќи ги аргументите на одбраната дека 80-годишниот поранешен државник треба да биде ослободен поради неговата влошена здравствена состојба и напредна возраст, објавија западните агенции

Дутерте е обвинет за извршување злосторства против човештвото за време на неговата „војна против дрогата“, јавија француските медиуми.

„Кривичниот совет на судот сметаше дека притворањето на Родриго Дутерте било неопходно бидејќи предложените услови за ослободување не биле доволни за да се ублажат ризиците што Советот ги идентификуваше како веројатни во случај на привремено ослободување“, рече судијката Луз дел Кармен Ибањез Каранза.

Судиите на МКС веќе пресудија минатиот месец дека постои ризик Дутерте да избега или да влијае врз сведоците по неговото ослободување. Според судот, овие причини ги надминуваат сите можни здравствени проблеми што ги претрпел 80-годишниот Дутерте.

Дутерте беше уапсен во главниот град на Филипините, Манила, на 11 март оваа година и беше префрлен во притворниот центар на МКС во затворот Шевенинген, Холандија.

Обвиненијата против Дутерте произлегуваат од неговата долгогодишна кампања против корисниците на дрога и трговците со луѓе, за која, според групите за човекови права, одзела илјадници животи.

Одлуката на МКС се однесува само на неговото евентуално привремено ослободување. Меѓународното тело сè уште не утврдило дали здравствените проблеми на Дутерте го прават ментално неспособен и дека не може да биде осуден, соопштуваат француските медиуми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk