logo
logo
logo

МААЕ потврди штета на иранската нуклеарна централа во Натанц

Vecer | 03.03.2026

МААЕ потврди штета на иранската нуклеарна централа во Натанц

 Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска соопшти дека неодамна дошло до оштетување на влезните згради во иранската подземна нуклеарна централа во Натанц, додавајќи дека не очекува никакви радиолошки последици или дополнително влијание во самата постројка.

Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси, претходно изјави дека „нема индиции“ за оштетување на иранските нуклеарни постројки.

- Немаме индиции дека некоја од нуклеарните постројки е оштетена или погодена – наведе тој и додаде дека МААЕ продолжува со обидите да стапи во контакт со иранскиот регулаторен орган за нуклеарна енергија преку Центарот за инциденти и вонредни состојби на МААЕ.

Во меѓувреме, иранскиот амбасадор во Меѓународната агенција за атомска енергија, Реза Наџафи, изјави дека за време на американските и израелските воени операции против Иран бил погоден големиот ирански нуклеарен комплекс Натанц.

- Повторно ги нападнаа иранските мирнодопски нуклеарни постројки кои се под меѓународен надзор – им рече Наџафи на новинарите на седницата на Управниот одбор на МААЕ, кој има 35 членки, пренесува Ал Арабија.

Во меѓувреме СИ-Ен-Ен објави анализа на сателитски фотографии од компанијата за просторна разузнавачка дејност „Vantor“, снимени во последните 48 часа, кои прикажуваат значителна штета на нуклеарната централа во Натанц, најголемиот ирански центар за збогатување ураниум и една од најчувствителните воени локации во земјата. Како што е прикажано на снимките, погодено е големо складиште и две помали двокатни згради кои служеле како пристапни точки за работниците и возилата за пристап до подземните објекти. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk