logo
logo
logo

Лабуристичкиот лидер Кир Стармер е нов британски премиер, Сунак поднесе оставка

Vecer | 05.07.2024

Лабуристичкиот лидер Кир Стармер е нов британски премиер, Сунак поднесе оставка

Промените се случија, рече лидерот на Лабуристите и иден британски премиер, Кир Стармер, кому прв пат по деценија и пол му успеа не само да ги победи, туку и да ги деклариса британските Конзервативци, овој пат, сега предводени од Риши Сунак.

-Ни дадовте јасен мандат, а ние ќе го искористиме за да испорачаме промени. Да се ​​врати услугата и почитта кон политиката. Заврши ерата на бучни перформанси. Чекорете полесно во вашите животи. И обединете ја нашата земја. Нашата работа е итна и почнуваме денеска. , изјави Кир Стармер, премиер на Британија.

Со 412-те освоени мандати, двесте повеќе од минатите избори, левичарската партија освоија апсолутно мнозинство и историски резултат невиден во нивниот табор 190 години. Конзервативците добија симболични 112, Либералдемократите -70, Реформистите на Најџел Фараж - 9. Премиерот Сунак попладнево го напушти „Даунинг Стрит 10“. Поднесе оставка од премиерската, но и од лидерската позиција кај Конзервативците.

-Прво и основно, сакам да кажам дека жалам. Дадов се од себе за оваа работа, но вие испративте јасна порака дека владата на Обединетото Кралство треба да биде сменета. Го слушнав вашиот гнев и разочараност и јас преземам одговорност. , изјави Риши Сунак, поранешен премиер на Британија.

А, кој е 61-годишниот Кир Стармер, идниот британски премиер? Некогаш талентиран музичар од работничко семејство, огнен навивач на Арсенал, во политиката влегува доцна, пред неполна деценија. Претходно истакнат адвокат и обвинител што подоцна му ја носи тутулата „Сер“. Со години се бори да го промени имиџот на здодевен и неинспиративен опортунист, што според аналитичарите, можеби е тоа по што копнеле Британците, по 14 годишното бурно владеење на Торивците кои сменија дури пет премиери.

-Ова е резултат на чувството на изневереност на јавноста и гневот за однесувањето на конзервативните политичари во владата во изминатите 5-6 години. Тука мислам на Борис Џонсон и „Partygate“, потоа Лиз Трас која ја урна екомонијата, а потоа, Риши Сунак едноставно немаше политички вештини. , вели Грег Крофтер, политички аналитичар.

Стармер треба да се соочи со низа предизвици – од даночното оптоварување, преку намалениот животен стандард и јавните услуги до подобрување на националната здравствена служба, погодена со штрајкови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk