КРВАВ НАПАД НА БЕРЛИНСКИОТ ПРАЈД

ВИДЕО| ХОРОР НА ПАРАДАТА НА ГОРДОСТА ВО БЕРЛИН - Автомобил влета во толпа, една жена загина, 16 повредени

Vecer | 26.07.2026

ВИДЕО| ХОРОР НА ПАРАДАТА НА ГОРДОСТА ВО БЕРЛИН - Автомобил влета во толпа, една жена загина, 16 повредени
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Трагедија ја потресе германската престолнина откако автомобил удри во повеќе луѓе во близина на Парадата на гордоста во Берлин. Во несреќата едно лице го загуби животот, а 16 се повредени. 

Според информациите од тамошните служби, тројца од повредените се во критична состојба и нивните животи се загрозени. Осум лице се зфобиле со тешки повреди, додека петмина поминале со полесни повреди. 

Инцидентот се случил во паркот Тиргартен, каде што бел автомобил, од засега непознати причини, удрил во група луѓе, а потоа се забил во дрво.

По ударот, возачот го напуштил возилото и избегал од местото на настанот. Берлинската полиција веднаш започнала потрага по него, а истрагата треба да покаже што бил мотивот за инцидентот.

Случајот предизвика голема вознемиреност кај граѓаните и учесниците на настанот, кој требаше да помине во знак на прослава и поддршка.

The Berlin Police Department has confirmed that a vehicle drove into a crowd in the Großer Tiergarten area during the Christopher Street Day (CSD/Berlin Pride) celebrations on the evening of July 25, 2026, injuring multiple people.

A vehicle, described in some reports as a white… pic.twitter.com/ZxspAUmMcz

— T_CAS videos (@tecas2000) July 25, 2026

Осомничениот е во бегство

Полицијата го идентификувала осомничениот, но тој сè уште не е уапсен. Според нивните информации, станува збор за 21-годишниот Абдул Б., кој и претходно ѝ бил познат на полицијата и за кого се верува дека е поврзан со берлинската исламистичка сцена. Полицијата предупредува дека тој може да биде вооружен и опасен, а во јавноста е објавена и негова фотографија.

Истражителите проверуваат и наводи од сведоци според кои по ударот со автомобилот можеби следел и напад со остар предмет. Полицијата засега не потврдила дека некоја од жртвите се здобила со убодни рани.

Парадата прекината

Завршната програма на Парадата на гордоста, вклучувајќи ги и концертите, била откажана по нападот, а организаторите ги повикале учесниците да го напуштат местото.

Според проценките на полицијата, на манифестацијата „Кристофер Стрит Деј“ во Берлин присуствувале најмалку неколку стотици илјади луѓе.

Градоначалникот на Берлин, Кај Вегнер, инцидентот го нарече „напад врз нашето слободно и отворено општество“. Германскиот канцелар Фридрих Мерц и министерот за внатрешни работи Александар Добринт порачаа дека случајот целосно ќе биде расчистен, а одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk