Сите лица од авионот се спасени, потврдија локалните власти и Федералната администрација за воздухопловство (FAA), пишува ABC News.
Според FAA, хидроавионот DeHaviland DHC-3 се урна во морето кај островот Сусија околу 17:20 часот по локално време. Канцеларијата на шерифот на округот Сан Хуан објави дека сите се извлечени од водата. „Имаме повеќе пациенти со разни повреди, од повреди на главата до фрактури и исеченици“, се вели во нивното соопштение. Потврдено е дека едно лице е во критична состојба.
Remarkable outcome: All 11 people aboard the Kenmore Air floatplane survived the emergency landing and subsequent fire in Shallow Bay near Sucia Island yesterday.pic.twitter.com/BU0sT9ksxQ
— GlobePulses (@GlobePulses) July 24, 2026
Авион на Kenmore Air полетал од езерото Јунион во Сиетл со десет патници и пилот во него. Компанијата објави дека четворица од повредените се префрлени во болници, додека другите се згрижени во станицата на крајбрежната стража во Белингам.
Брз одговор на очевидците
Шерифот на округот Сан Хуан, Ерик Питер, изјави за ABC News дека најмалку еден цивилен брод бил сведок на несреќата, чиј екипаж веднаш почнал да ги вади луѓето од водата. Кога службите за итни случаи пристигнале на местото на настанот, авионот веќе горел и тонел. „Благодарение на брзата реакција на сите на местото на настанот, била избегната поголема трагедија“, изјавил шерифот.
Истрагата е во тек
По несреќата започнала голема спасувачка операција, во која учествувале службите за итни случаи и американската морнарица, чиј хеликоптер ги превезувал дел од повредените. Крајбрежната стража соопшти дека добила пријава за принудно слетување во Норт Бич Шалоу Беј, по што хидроавионот се запалил.
#BREAKING: A Seaplane Carrying Eleven Passengers has Crashed During Flight from Seattle’s Lake Union to Roche Harbor pic.twitter.com/szOH0X4C4F
— dubsea (@dubseatv) July 24, 2026
Извршниот директор на „Кенмор Ер“, Дејвид Гуџел, им се заблагодарил на спасувачите. „Среќни сме што сите патници и екипаж се безбедни. Наш приоритет сега е да се осигураме дека ќе ја добијат целата потребна грижа и поддршка. Целосно соработуваме со истражителите и ќе објавиме потврдени информации штом ќе пристигнат“, изјавил Гуџел.
Причината за несреќата е под истрага на Федералната администрација за воздухопловство (FAA) и Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (NTSB).
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата