Националните телевизиски куќи CBC и CTV објавија дека полицијата соопштила дека несреќата се случила околу 14:30 часот по источно време и дека леталото горело кога службите за итни случаи пристигнале на местото на несреќата, недалеку од Сент-Брижид-д'Ибервил.
Службите на Sûreté du Québec, покраинската полиција, ја потврдија смртта на сите четири патници во леталото.
Истрагата е во тек
Досега, полицијата не даде детали за сопственоста на хеликоптерот, неговото потекло или целта на летот.
Канадскиот одбор за безбедност на сообраќајот испрати истражители на местото на настанот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата