Овој неуспешен обид за посредување се случи во време кога Доналд Трамп се закануваше дека ќе го ескалира конфликтот и ќе изврши напад врз клучната иранска инфраструктура.
Официјални лица изјавија дека посетата на премиерот Али ал-Заиди на Иран уследила по неговата неодамнешна средба со Трамп во Белата куќа.
Деталите од предлогот за прекин на огнот сè уште не се јасни, но иранските претставници изјавија дека тоа е единствената понуда на маса и оти нивната влада не е заинтересирана за привремен договор што би го оставил нерешено прашањето за контролата врз Ормускиот Теснец, пишува весникот.
Иран и САД постојано ги зголемуваат тензиите во текот на изминатите неколку недели, при што американските сили бомбардираа воени бази, како и инфраструктура како што се железници, аеродроми, мостови и пристаништа, додека Иран изврши напади со балистички ракети и беспилотни летала врз американски воени цели на Блискиот Исток, потсетува весникот.
Двајца ирански претставници изјавија дека вооружените сили на земјата очекуваат и се подготвуваат за можноста од ескалација на конфликтот доколку Доналд Трамп ги спроведе своите закани за напад врз Техеран и клучната инфраструктура.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата