logo
logo
logo

Иран ги обвинува САД во ОН за насилните протести во Исламската Република

Vecer | 10.01.2026

Иран ги обвинува САД во ОН за насилните протести во Исламската Република

Иран го осудува „континуираното, нелегално и неодговорно однесување на САД во координација со израелскиот режим во мешањето во внатрешните работи на Иран преку закани, поттикнување и намерно промовирање на нестабилност и насилство“, напиша иранскиот амбасадор во ОН, Амир Саид Иравани, во писмо.

Дипломатот го обвини Вашингтон за „дестабилизирачки практики“ што ја поткопуваат основачката повелба на ОН, ги кршат основните принципи на меѓународното право и ги загрозуваат темелите на меѓународниот мир и безбедност.

На улиците на Техеран, според ограничени информации од Иран, каде што е на сила прекин на интернетот што трае повеќе од 24 часа, протестите се одржаа синоќа и покрај заканувачките СМС-предупредувања до граѓаните да не учествуваат, објави Би-Би-Си.

Најмалку 62 лица загинаа во анти-владините протести, јави вчера американската новинска агенција „Активисти за човекови права“,

Според агенцијата, која и во претходни бранови на насилство за време на протестите во Иран се покажала како точен извор, за време на демонстрациите биле уапсени најмалку 2.300 лица, пренесе БТА. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk