ПАДНА МАЛ АВИОН КАЈ МИСИСИПИ: Загинаа шест лица, нема преживеани

Vecer | 25.11.2026

ПАДНА МАЛ АВИОН КАЈ МИСИСИПИ: Загинаа шест лица, нема преживеани
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Шест лица, меѓу кои и две деца, загинаа вчера кога се урна авион покрај брегот на Мисисипи, потврди американската крајбрежна стража. Авионот падна во Мексиканскиот залив, пишува Би-би-си.

Се урна во морето, нема преживеани

Според сервисот за следење летови FlightAware, станува збор за мал авион Cessna 210 на лет од Њу Орлеанс до Форт Мајерс, Флорида. Контролата на воздушниот сообраќај го изгубила контактот со леталото околу 15:45 часот по локално време, а властите објавија дека падот се случил во водите меѓу градот Паскагула и островот Хорн.

Портпаролот на крајбрежната стража, Хуан Рос, изјави дека спасувачите со часови трагале по патниците. На почетокот пронашле само три елеци за спасување, сплав и делови од кабината на површината на морето. Нуркачите подоцна во трупот ги пронајдоа телата на четири возрасни лица и две момчиња на возраст од осум и десет години.

Командантот Тревор Блаунт, координатор на спасувачката операција на крајбрежната стража, го коментираше исходот од потрагата: „Иако ова не е исходот на кој се надевавме, благодарни сме за одличната соработка на сите служби. Тоа ни овозможи брзо да ги лоцираме патниците и да им донесеме барем малку спокој на семејствата“, рече Блаунт.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk