logo
logo
logo

Германците ја викаат МАМА, живее со „Фантомот од операта“ - ЕВЕ СЕ ШТО НЕ ЗНАЕТЕ ЗА МЕРКЕЛ

Vecer | 19.07.2021

Германците ја викаат МАМА, живее со „Фантомот од операта“ - ЕВЕ СЕ ШТО НЕ ЗНАЕТЕ ЗА МЕРКЕЛ

Ангела Меркел е една од најмоќните жени на денешницата.  Со Германија владее 16 години, од 2005 година, а се вели дека кој владее со Германија владее и со Европа. Меркел оваа година се пензионира од политиката, а еве некои работи кои не сте ги знаеле за неа.

Познато е дека сака фудбал и наука, но има паничен страв од кучиња. Својот приватен живот го чува во тајност

  1. Нејзиното моминско презиме е Ангела Каснер, додека презимето Меркел го зела од нејзиниот прв сопруг.
  2. Германците ја нарекуваат Мама
  3. Додека студирала, Маркел работела како шанкерка на студентски диско-забави.
  4. Таа е дипломирала физика и е докторат по квантна хемија. Некои велат дека таа е успешна во политиката затоа што пристапува кон проблемот од научна, аналитичка гледна точка.
  5. Откако се развела од првиот сопруг, таа живеела во нелегален стан во близина на железничката станица. На нејзиниот триесетти роденден, нејзиниот татко разочарано и рекол „Не стигна далеку“
  6. Ноќта кога падна Берлинскиот ѕид, во ноември 1989 година, Ангела Меркел имала 35 години. За да го прослави овој голем настан, таа отишла во сауна, подоцна прошетала кратко и испила пиво. Таа брзо се вратила дома да се одмори, бидејќи следниот ден бил работен.
  7. Нејзиниот сопруг Јоаким Зауер е професор на универзитетот во Берлин. Тој не сака публицитет, па затоа не се појави ниту на инаугурацијата на Меркел во 2005 година. Тој обожава опера и пешачење и лета со евтини летови дури и кога му е дозволено да патува со Ангела со службени авиони. Поради неговиот интерес за опера, бегањето од јавноста, Германците го нарекуваат „Фантомот од операта“.
  8. Меркел е добра готвачка. Обожава да прави колачи со сливи и често се гледа како купува намирници во супермаркет. Таа има навика да прави појадок за нејзиниот сопруг секое утро.
  9. Се вели дека живее во изнајмен стан со нејзиниот сопруг, професор по квантна физика, и дека обожава да готви супа од компир.
  10. Уште во 1995 година, ја каснало куче и затоа има страв. Се вели дека Путин често ја запознавал со своите миленици, кучиња, за време на официјалните посети на Меркел.
  11. Меркел обожава фудбал и честопати влегува во соблекувалните на мажите за да им ја честита победа. Се вели дека при една таква ненадејна посета, таа случајно го видела Бастијан Швајнштајгер гол.
  12. Минатата година беше забележано исклучително лошо здравје на Ангела Меркел. За време на официјалните посети, канцеларката трепереше што беше видливо. Германците се сомневаат или дека Ангела има рани знаци на Алцхајмерова болест или дека станува збор за алкохолизам.
  13. Пред два дена го својот 66-ти роденден.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk