logo
logo
logo

МОТОРЏИСКА ГРУПА НА УДАР НА ПОЛИЦИЈАТА - Повеќе од 1.000 полицајци во рација

Vecer | 30.09.2026

МОТОРЏИСКА ГРУПА НА УДАР НА ПОЛИЦИЈАТА - Повеќе од 1.000 полицајци во рација

Над 1.000 полицајци рано утрово започнаа голема акција во Германија и во неколку други европски земји, во рамки на истрага против меѓународна мрежа за перење пари и членови на моторџиската група „Хелс ејнџелс“, објави ДПА.

Полицијата во западниот германски град Дисбург соопшти дека во рамки на акцијата треба да бидат извршени неколку налози за апсење.

Според полицијата, мета на акцијата е меѓународна мрежа за перење пари, како и криминална организација за која ДПА дознава дека се работи за „Хелс ејнџелс“. Во акцијата се вршат претреси на околу 140 локации. Специјални единици извршиле голема полициска операција на адреса поврзана со влијателен член на „Хелс ејнџелс“ во Дисбург.

Полицијата соопшти дека претреси се спроведуваат во неколку германски покраини, но и во други европски земји.

Меѓу осомничените, според истражните органи, има лидери на мрежата за перење пари која дејствувала низ Германија и во други европски земји, како и високопозиционирани членови на моторџиската група.

Истрагата опфаќа и сомнежи за кривични дела поврзани со оружје, физички напади и со даночно затајување.

„Овој случај е одличен пример за поврзаноста меѓу криминалните банди и меѓународниот криминал од економски карактер. Со добро организирани методи за прикривање, големи суми пари се внесуваат во фиктивни економски текови, а имотот стекнат преку криминални активности се вложува во компании и во недвижности“, соопштија истражителите.

„Хелс ејнџелс“ се основани во Калифорнија во 1948 година и тие се една од најпознатите и најголеми моторџиски организации во светот, со ограноци во десетици држави. Организацијата со децении е предмет на интерес на безбедносните служби во САД и Европа. ФБИ и други агенции гонеле членови и цели ограноци на клубот, вмешани во трговија со дрога, изнуда, перење пари и друг криминал, поради што низ годините биле спроведени бројни истраги и апсења.

Од „Хелс ејнџелс“ ги отфрлаат таквите обвинувања и тврдат дека се легален моторџиски клуб кој организира собири, возења и хуманитарни активности.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk