logo
logo
logo

БРУТАЛНИ СУДИРИ ВО БЕЛФАСТ - Толпа нападна куќи на странци и палеше оклопни возила

Vecer | 10.06.2026

БРУТАЛНИ СУДИРИ ВО БЕЛФАСТ - Толпа нападна куќи на странци и палеше оклопни возила

Стотици демонстранти нападнале полицајци и запалиле возила на голем број локации низ Северна Ирска откако во јавноста се прошири видео од напад со нож кој, како што пишуваа светските медиуми, го извршил имигрант од Судан, а во кој едно лице доби сериозни повреди на вратот и главата.

Ројтерс пишува дека маскирани млади луѓе синоќа се собрале на неколку места низ Белфаст, а полицијата одговорила со распоредување оклопни возила. Демонстрантите запалиле голем број возила низ градот, вклучително и автобус во Источен Белфаст.

Би-би-си објави дека толпа од 100 мажи удирале во врати и кршеле прозорци на домови на улица во Источен Белфаст притоа извикувајќи повици „да се избркаат странците“.

Весникот „Белфаст телеграф“ објави фотографии од запалено полициско оклопно возило погодено со молотов коктел, како и од опожарени полициски и приватни автомобили и трактор.

Медиумите објавуваат и дека бил запален и супермаркет во кој се продавале производи од Блискиот Исток, а турска берберница била нападната во Баликлер.

Според денешното издание на весникот, жители од источниот дел на Белфаст биле евакуирани поради пожар.

Од Противпожарната служба велат дека синоќа била повикана на 62 инциденти, повеќето од нив во областа на Белфаст. Нереди имало и на други места во Северна Ирска, вклучувајќи ги Њутаунаби и Портадаун.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk