logo
logo
logo

КАПЕТАНОТ ПРВ СКОКНАЛ ВО МОРЕТО

(ВИДЕО) СТРАШНА ТРАГЕДИЈА НА КИПАР – 8 загинати и 18 исчезнати по експлозија на катамаран!

Vecer | 31.08.2026

(ВИДЕО) СТРАШНА ТРАГЕДИЈА НА КИПАР – 8 загинати и 18 исчезнати по експлозија на катамаран!

Страшна поморска трагедија го потресе северниот дел на Кипар откако катамаран со речиси 270 патници потона на само 15 минути по испловувањето. Во оваа ужасна несреќа загинаа најмалку осум лица, 18 се водат како исчезнати, додека 161 лице се наоѓа во болница.

Бродот што превезувал главно турски државјани тргнал од пристаништето во Гирне кон Турција. Но, веднаш по поаѓањето, во внатрешноста почнала да продира вода. Преплашените патници панично го предупредувале капетанот и молеле да се вратат, но тој безобѕирно ги игнорирал. За ужасот да биде поголем, на бродот немало ниту доволно спасувачки елеци за сите.

Ужасните сцени ескалирале кога се слушнала силна експлозија во предниот дел, по што прозорците попуштиле, а бродот почнал експресно да се полни и превртува. Според шокантните сведоштва на преживеаните, повозрасните патници останале заловени во внатрешноста, додека капетанот, наместо да ја организира евакуацијата, меѓу првите скокнал во морето за да си го спаси сопствениот живот.

Спасувачките екипи, кои ги извлекуваа преживеаните по повеќе од час и половина демнење во водата, немаат надеж дека 18-те исчезнати се живи. Катамаранот лежи на длабочина од 514 метри, а кукавичкиот капетан и неколку членови на екипажот веднаш беа уапсени од полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk