logo
logo
logo

Жирокоптер се вплеткал во кабли од жичара по што се урнал

Vecer | 27.08.2026

Жирокоптер се вплеткал во кабли од жичара по што се урнал

Двајца луѓе вчера загинаа откако мало летало се урна во близина на браната Кампличоли, во Северна Италија, објави италијанскиот медиум „TГ24“. Несреќата се случила околу 11:30 часот во областа Антрона Скјеранко, во регионот Пиемонт. Според првичните информации, во леталото имало двајца луѓе – 64-годишниот инженер Алесандро Анџело Мускинели и партнерката на неговиот брат, 63-годишната Антонела Паљарани. Двајцата загинале на местото на несреќата.

Се работи за жирокоптер, вид летало со ротирачки крила кај кое моторот обезбедува потисок нанапред, додека роторот се врти со помош на авторотација. Според пожарникарите, леталото удрило во каблите на жичницата на „Енел“, која ја опслужува браната, по што избувнал пожар.

На местото веднаш биле испратени противпожарни екипи, а во операцијата бил вклучен и хеликоптерот „Драго“. Сведоци од блиското село Антрона изјавиле дека го виделе леталото во пламен непосредно по несреќата, опишувајќи го како „топка од оган“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk